Штип УГД единствен непоразен, важен триумф за Шкендија

0
Фото: ОФМ

Македонскиот претставник во европскиот Челинџ куп, Штип УГД останува единствениот непоразен тим во најсилното машко одбојкарско првенство, запишувајќи ја петтата победа во исто толку натпревари. Штипскиот состав беше сигурен на домашен терен во дуелот со Јанта Волеј мажи и рутински стигна до нови три бода, со кои останува на врвот на табелата. За Штип УГД ова беше последна проверка на силата во пресрет на реваншот со Кол Ил во рамките од третото по квалитет европско клупско натпреварување.

Шкендија оствари важна победа (3:1) на гостувањето кај Македонија Џио во Струмица, со која се врати на горниот дел од табелата. Во дуелот со еден од директните конкуренти за повисок пласман одбојкарите на тетовскиот тим беа поконцентрирани во клучните моменти и тоа им донесе триумф.

На останатите натпревари од петтото коло немаше поголеми изненадувања, односно минаа во знакот на фаворитите. Шампионот Струмица се врати на победнички патеки со убедливи 3:0 на Скопје, ГОК Борец со максимален резултат го совлада Универзитети во Тетово, додека Работнички немаше проблеми на гостувањето кај младиот состав на Весна Пробиштип. Претходно, во дуелот кој го отвори ова коло Сушево со 3:1 ја совлада Лирија.

ПРВА ЛИГА МАЖИ

  1. КОЛО

СТРУМИЦА 47&72 – СКОПЈЕ 3:0 (25:17, 25:11, 27:25)

ШТИП УГД – ЈАНТА ВОЛЕЈ МАЖИ    3:0 (25:17, 25:7, 25:7)

МАКЕДОНИЈА ЏИО – ШКЕНДИЈА     1:3 (18:25, 25:21, 19:25, 18:25)

УНИ ВО ТЕТОВО – ГОК БОРЕЦ          0:3 (22:25, 17:25, 22:25)

ВЕСНА ПРОБИШТИП – РАБОТНИЧКИ 71&22           0:3 (18:25, 17:25, 17:25)

СУШЕВО – ЛИРИЈА    3:1 (26:24, 25:17, 23:25, 25:15)

ПретходноЕвропски ракомет во Охрид, Слога Добој нов предизвик!