Македонскиот кошаркарски интернационалец Андреј Јакимовски со својот тим Тренто денеска несреќно загуби на гостувањето кај тимот на Сасари со минимални 89:88.
Јакимовски имаше добар меч со 15 постигнати поени, седум скока и една асистенција за 28 минути минати на теренот.
Тимот на Тренто е во негативна серија од четири порази по ред, и во моментов е на единаесеттата позиција на табелата.
Јакимовски сепак, и натаму има сериозна улога во тимот и е опција за стартната петорка.










