Пауновиќ за тоа дали останува селектор на Србија: “Не знам, ќе видиме“!

76
ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB

Србија вечерва во Лесковац во последниот меч од квалификациската група К за пласман на СП 2026, славеше против Летонија со 2:1. Водеа гостите, но потоа со головите на Катаи и Станковиќ, домашната селекција сепак победи.

По мечот на пресот селексоторот Пауновиќ кажа нешто што ги шокира сите.

Имено тој на прашањето дали останува селектор, одговори:

Не можам ништо да кажам сега. Ми треба време. Мислам дека човечки е да имам време, да разговарам со моето семејство, советниците. Сите знаеме дека ова беше итна мисија. Можеше да испадне подобро или полошо. Сите три сценарија беа во оптек кога ја донесов оваа одлука. Сега со ова искуство одам во следниот период, каде што треба да донесам одлука.“

Познато е дека Пауновиќ имаше договор со раководството на ФФС само за средбите со Англија и Летонија, и дека дополнително ќе се преговара за официјализирање на договорот.

Од друга страна и покрај овие негови зборови, јасно е дека тој ќе ја предводи репрезентацијата на Србија во наредниот период.

ПретходноСинер е „кралот“ на Торино, Италијанецот го победи Карлито во финалето! (ВИДЕО)
СледноЛудница во Даблин: Еве како се славеше голот на Ирска во 90+6.минута вреден бараж! (ВИДЕО)