ГРК Охрид одигра уште еден одличен европски натпревар пред домашната публика. Македонскиот тим славеше на првата средба против Слога Добој со 37-19 во рамките на третото квалификациско коло во ЕХФ Европскиот Куп. Актуелен првак во ова натпреварување е Алкалоид.
Џукиќ и Петриќ беа лидери во редовите на победничкиот тим со по осум погодоци.
Охриѓани на дело ја оправдаа фаворитската улога против босанскиот состав, неизвесност имаше само во воедните минути (2-2) по кои со серија од 6-1 избраниците на Ројевиќ дојдоа до првата осетлива позитива (8-3), најголемото водство во овој дел изнесуваше 14-6 и 16-8, резултат со кој заврши првото полувреме.
Во вториот дел нов серија, овој пат од 7-1 го донесе двоцифрено водство од 31-17, тука веќе беше јасно дека ГРК Охрид не само што ќе слави, туку и ќе дојде до убедлив триуф.
Реваншот се игра на 22 овој месец, според крајната разлика веќе е јасно дека македонскиот тим ќе се пласира во следната рунда.










