Ѓорѓи Христов на 125 годишнината на НЕК Нијмеген

93

На прекрасна свеченост, како што и тоа како добро знаат да го организираат европските клубови, својот 125. годишен јубилеј го прослави еден од најстарите фудбалски клубови во Холандија, НЕК Нијмеген.

Нас и тоа не би ни било толку интересно ако на овој јубилеј, еден од специјалните гости беше нашиот поранешен репрезентативец и интернационалец, а сега човекот кој е дел од раквоодните структури на Фудбалската Федерација на Македонија, Ѓорѓи Христов.

Нашиот легендарен фудбалер своевремено беше дел од НЕК Нијмеген на почетокот на овој век односно од 2000 до 2003 година. Забележа одлични настапи за овој клуб, а  холанѓаните тоа не го забораваат.

Па така, Христов беше поканет и учевствуваше во прославата на јубилејот, одигрувајќи ревијален натпревар меѓу две генерации на НЕК.

Убаво е кога еден наш спротист, ќе остави силна трага во странски клуб, колектив, средина како сакате, и години подоцна сеуште ќе биде вреднуван, ценет и почитуван. Христов очигледно дека и тоа како ги задолжи што се вели холанѓаните со своите игри па и по повеќе од две децении откако си замина од овој клуб, во Нијмеген сеуште го сметаат за свој. Секоја чест.

 

ПретходноЈакимовски со 15 поени во поразот од Сасари
СледноБезеки најбрз во Валенсија