Јакимовски со 15 поени во поразот од Сасари

25
фото: aquilabasket.it

Македонскиот кошаркарски интернационалец Андреј Јакимовски со својот тим Тренто денеска несреќно загуби на гостувањето кај тимот на Сасари со минимални 89:88.

Јакимовски имаше добар меч со 15 постигнати поени, седум скока и една асистенција за 28 минути минати на теренот.

Тимот на Тренто е во негативна серија од четири порази по ред, и во моментов е на единаесеттата позиција на табелата.

Јакимовски сепак, и натаму има сериозна улога во тимот и е опција за стартната петорка.

 

ПретходноБразил доби победник во слалом во Светскиот куп
СледноЃорѓи Христов на 125 годишнината на НЕК Нијмеген