Македонија утре се надева, очекува добар резултат од гостувањето кај Велс. Капитенот на нашата селекција Енис Барди, во свое име, но и во име на своите соиграчи ветува дека ќе се даде максимумот за да се дојде до резултат кој нас ни одговара, а тоа е победа или реми.
“ Многу добро знаеме колку ни значи овој натпревар, цела македонска јавност, но пред се ние фудбалерите. Секој од нас кога игра во репрезентативнот дрес давал максимум, но посебно утре секој треба да дадеме до последен атом од нашите сили затоа што знаеме колку е овој меч важен за сите нас. Да дадеме се од себе, но и да уживаме во натпреварот кој ќе не носи кон пласман на СП 2026. Знам дека утре ќе дадеме и повеќе од 100% за да ги израдуваме сите навивачи и да дојдеме до успех“ истакна капитенот.










