Откриено зошто избувна масовната тепачка на УФЦ – борец доживотно исфрлен

138

Магомед Зајнуков, близок пријател и тимски колега на Ислам Махачeв, новиот шампион во велтер категорија на УФЦ, објасни зошто во саботата го нападнал Дилон Дeнис, соработникот на Конор Мекгрегор, во масовната тепачка што избувна.

Инцидентот покрај октогонот стана една од главните теми на боречкиот спектакл, а кулминираше со физичка пресметка поради која Дeнис беше доживотно исфрлен од сите настани на УФЦ.

Еден од клучните учесници беше Магомед Зајнуков. Камерите го уловија како задава удари на Денис, а тој по инцидентот објасни што се случило.

„Еве ја гребаницата“, рече покажувајќи ги повредените зглобови. „Мора да е од неговиот заб. Го удрив.“ На прашањето дали удрил и некој друг, се насмеа и одговори: „Не, само него.“

„Тоа не беше доволно, требаше да добие и повеќе. Што се однесува до тоа што го кажал, такви работи не се простуваат. Мораш да одговараш за тоа — таков е нашиот начин на живот. Ако кажеш нешто, мораш да стоиш зад своите зборови. Нема поим како е кај него. Може да навреди нечие семејство и тоа ништо да не му значи. Кај нас секој збор има тежина и мораш да одговараш за него,“ изјави Зајнуков за Денис.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, потврди дека Денис повеќе не е добредојден на ниту еден настан на организацијата.

Вајт призна дека можел да го спречи судирот доколку бил повнимателен, но за Денис немаше милост.

„Никогаш повеќе нема да го видите Дилон Денис на УФЦ приредба,“ изјави Вајт. „Ме повикаа од долниот кат и ми рекоа: ‘Го фативме, сакате ли да поднесете пријава и да го уапсиме?’ Реков: ‘Не, не сакам да поднесувам пријава.’ Ова е боречки бизнис. Можев да го спречам ова и згрешив“. 

ПретходноМакедонија ја чека „пекол“, стадионот во Кардиф е распродаден
СледноСпорот Мбапе – ПСЖ за 55 милиони евра ќе добие друга димензија