Нашите национали во моментов го одработуваат тренингот на теренот на “Кардиф Сити“ стадионот, на кој утревечер од 20:45 часот ќе ги одмерат силите против домашнарта селекција на Велс. Реално ова ќе биде битка за тоа која селекција ќе се заврши како втора во групата и како таква ќе оди во баражот. Инаку и двете селекции имаат сигурен бараж преку Лигата на Нации.
Капитенот Енис Барди на официјалниот прес истакна дека ќе играат и за 700 македонски фанови кои ќе бидат на трибините и ќе гу бодрат нашите фудбалери, а ќе играат и за цела Македонија која утревечер ќе навива за нив да дојдат до добар резултат.












