Победник на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје беше нашиот најдобар боксер, Ален Рустемовски.
Рустeмовски ја прикажа најдобрата борба на турнирот и успеа да ја запали публиката во „Борис Трајковски“ и на нозе да го дочека крајот на мечот. Славеше со едногласна одлука против англискиот боксер Џозеф Тарнер.
Со извонредна техничка подготвеност, борбен дух и атрактивен стил, особено разорни беа неговите аперкати.
Најдобар македонски боксер е Адријан Рустемовски, додека Даврон Бозоров е најдобар странски боксер, најдобар техничар е Џозеф Тарнер од Англија, Рио Гордон од Англија и Наум Стојаноски се најборбен пар. Михал Мунетан од Моладавија е најдобар тренер, Роберт Винеман најдобар судија.










