Белами: Македонија ужива да се брани и има опасни контра напади

0

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 часот, ќе го одигра последниот квалификациски дуел од актуелната мундијалска кампања против соодветната селекција на Велс на гостински терен.

Нашата експедиција веќе е во Кардиф, вечерва ќе го има и официјалниот тренинг, а предходно тоа го стори домаќинот, Велс.

Нормално, официјалната прес конференција е задолжителна, а на неа селекторот на домаќинот, Крег Белами, со свое видоување за момантелната ситуација. Шансите на неговиот состав, противникот Македонија, како и начинот на кој што планира утре да ни се спротивстави.

Нормално е да го посакуваме тоа прво место, но одиме меч по меч. Ова за мене е ново искуство затоа што кога јас бев репрезентативец тие последни три четири мечеви секогаш беа без резултатско значење, па тоа секако дека е убав момент. Секогаш е од голема помош да се игра дома, така е во секој спорт. Знаеме дека треба да победиме, но мора да бидеме и трпеливи. Македонија се брани длабоко, тие се среќни што немаат посед на топката, но добро играат во контра напад. Сакаме навивачите да ги препознаат моментите кога ни се најпотребни. Го правиме ова заедно и мора да им дадеме и нешто за да навиваат. Да завршиш втор и да имаш домашен натпревар е огромно, само од моето искуство гледајќи го Велс во последните неколку години, можете да видите дека е огромна предност.“ – изјави селекторот на Велс.

Белами, исто така, го пофали Хери Вилсон за потврдата дека ќе биде капитен на репрезентацијата против  Македонија.

„Тој е навистина, навистина важен, и тоа го гледаме и кога не е со нас. Хари игра на многу високо ниво. Бев навистина импресиониран од него и од тоа како се однесува, и сите се исти, привилегија е да се биде со оваа група, но Хари е и во тоа“ – рече селекторот на Велс на официјалната прес конференција пред утрешниот меч.

ПретходноПетровиќ е нов тренер на Гостивар