ВИДЕОЛОТАРИЈА – КАСИНОС АВСТРИЈА СО ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

14

Во рамки на проектот „Играј одговорно”, на 11 ноември 2025 година, во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз” во Скопје, се одржа едукативнo предавање, со цел подигнување на свесноста кај младите за ризиците и опасностите од прекумерно играње игри на среќа.

Настанот беше реализиран со поддршка од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, во соработка со Здружението на лекувани зависници. Целта на предавањето беше да ја зголеми информираноста за последиците што може да ги предизвикаат прекумерните и неконтролирани активности поврзани со игрите на среќа, како и да промовира навремена превенција.

Говорници на трибината беа:
•   прим. д-р Павлина Васкова, специјалист невропсихијатар,
•   д-р Оливера Суботин Поповска, психијатар,
•   д-р Бехие Хухии,
•   м-р спец. Илинка Васкова, психолог.

Стручниот тим ги сподели своите професионални искуства и релевантни факти поврзани со зависностите, потенцирајќи ја важноста на превенцијата, заштитата и едукацијата на јавноста. Присутните имаа можност активно да учествуваат, поставуваат прашања и дискутираат со говорниците.

Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, континуирано работи на поставување и унапредување стандарди кои обезбедуваат одговорно приредување игри на среќа. Фокусот е ставен на намалување на ризиците за играчите, особено за ранливите категории граѓани.

Како прва компанија во оваа дејност што системски ја развива политиката на одговорно играње, ДВЛМ преку едукација и превенција активно се залага за спречување на негативните последици од прекумерно учество во игрите на среќа, истакнувајќи ја значајната општествена улога на одговорното играње и одговорното приредување.

ПретходноНорвежанец шокира со фризурата – новинар бара да ги исфрлат од СП поради тоа
СледноОфицијално: Барселона се враќа на Ноу Камп на 22 ноември