Дали Португалија е подобра без Роналдо?!

34
фото: Cristiano Ronaldo (X)

По се она што се случуваше на гости кај Р.Ирска и поразот од 2:0 секако црвениот картон на Кристијано Роналдо, како и по оние 9:1 против Ерменија, медиумите во Португалија и Европа правата анализа дали оваа селекција можеби е подобра без Роналдо.

Свој коментар на ова има селекторот Роберто Мартинез:

Кристијано е секогаш тема на јавното мислење. Кога Кристијано постигнува голови, прашањето е што ќе правиме кога го немаме Кристијано. Дали постои зависност од Кристијано? Кога Кристијано не игра, а ние победуваме, тогаш се поставува прашањето – кому му е потребен Кристијано Роналдо? Мислам дека едно е популарната дебата меѓу навивачите, а друго е натпреварувачкиот дух што го имаме во соблекувалната“, вели тренерот Роберто Мартинез и додава:
„Беше важно што имаше одговорност во групата, што имаше лидерство. Мислам дека Бруно Фернандес беше многу важен. Мислам дека улогите на Рубен Дихас и Бернардо Силва беа многу важни. И тоа е тоа – имаме лидерство кое не доаѓа од еден играч. Имаме лидерство на група играчи кои се во многу добар момент од своите кариери“.

ПретходноБлагоја Милевски: Знам дека момците ќе дадат се од себе да ја израдуваат Македонија!
Следно“Ќе играме за 700 Македонци на трибините, ќе играме за цела Македонија“! (ФОТО)