Реал со ултиматум до Лион:“Тој мора да игра, ние ќе ја покриваме платата, а вие…“

0
ФОТО:Screenshot

Извесно е дека бразилскиот напаѓач Ендрик сигурно ќе го засили Олимпик Лион, кога ќе дојде на позајмица од Реал Мадрид. Преговорите се уште се во тек, но одат во позитивна насока за сите страни, а младиот напаѓач кој не е во плановите на Чаби Алонсо бидејќи оваа сезона одигра само 11 минути, а тоа е единственото нешто што го играше во последните пет месеци – ќе го засили тимот на Пауло Фонсека.
Единственото нешто што би можело да ја уништи таа идеја е неговата потенцијална повреда.
Реал Мадрид планира да ја покрие целата негова плата, но постојат одредени детали што би можеле да го доведат и Лион до финансиска загуба. Имено, францускиот клуб ќе мора да му плати на Реал одредена сума пари ако Ендрик не одигра одреден број натпревари.
Не е познато точно колку натпревари се тоа или колку пари треба да плати Лион во тој случај, но јасно е дека е многу важно за Реал тој да игра.

ПретходноГерманија ја прегази Словачка и се “чекира“ на Мундијалот, исто и Холандија!