Салах, Осимен и Хакими во трка за „Играч на годината на Африка“

15

Мохамед Салах, Виктор Осимен и Ашраф Хакими се финалистите во изборот за фудбалер на горината на Африка, настан кој што е закажан за 19 ноември.

Тројцата имаа исклучително успешни сезони и изборот е на место. Салах ја освои титулата со Ливерпул, а беше и стрелец број еден во Премиер лигата.

Хакими, пак, имаше исклучително успешна сезона со ПСЖ, освојувајќи историска тројна круна и помагајќи му на Мароко да се квалификува за Светското првенство следната година.

Осимен е шампион на Турција со Галата, и во моментов е стрелец број еден во ЛШ.

 

ПретходноАвстријците се исплашија од Џеко и другарите, па мораше претседателот на државата да реагира! (ВИДЕО)
СледноНапред Македонија: Кратко и јасно – ОДИМЕ НА ПОБЕДА! (ФОТО)