Репрезентативецот на Норвешјка, Ерлинг Халанд на крајот од актуелните Мундијалски квалифиакции заврши со 16 гола постигнати на осум мечеви. Тој погоди на два пати синоќа во победата над Италија на гостински терен со што оствари сериозен резултат.
Покрај тоа што победата ја одведе Норвешка на Мундијалот, Халанд од друга страна го достигна рекордот на Роберт Левандовски кој што постигна исто толку голови во квалификациите за Мундијалот во 2018. година.
Очигледно дека Халанд се наоѓа во одлична форма, особено кога станува збор за репрезентативниот дрес.










