Селекторот на нигериската фудбалска репрезентација, Ерик Шел, ги обвини фудбалерите на ДР Конго дека користеле вуду-магии за време на драматичното изведување пенали во финалето на плејофот за Светското првенство.
ДР Конго славеше со 4:3 откако натпреварот заврши 1:1, со што си обезбеди место во интерконтиненталниот плејоф и ја елиминаше Нигерија од квалификациите.
„За време на пеналите, играчите на Конго правеа некакво вуду.“ Нигерискиот селектор мавташе со раката, имитирајќи наводни движења од клупата на Конго, а потоа додаде: „Не знам дали беше вода или нешто такво.“
View this post on Instagram
Претставникот на фудбалскиот сојуз на ДР Конго ги демантираше тврдењата на Шел.










