Германија ја прегази Словачка и се “чекира“ на Мундијалот, исто и Холандија!

27
ФОТО: Germany Football Team/FB

Вечерва се одиграа шест меча во квалификациите за СП. Во Лајпциг требаше да биде најинтересно зошто во меѓусебна битка Германија и Словачка требаше да решаваат кој ќе оди директно на Мундијалот од групата А.

Сепак Германија со 6:0 просто ја прегази Словачка и со стил официјално се пласира на СП. Волтемаде ја започна серијата, ја продолжи Гнабри, па два на Сане, следуваше голот на Баку а во 79.минута Уеадраого само што влезе, во своето деби, во својот прв контакт со топката, постигна гол за конечни 6:0.

Во оваа група С.Ирска го победи Луксембург со 1:0. Па така Словачка преку квалификациите а С. Ирска преку Лигата на Нации се во баражот.

Холандија ја победи Литванија со 4:0 и ги разреши сите дилеми околи тоа дали оваа селекција или Полска ќе оди директно на Мундијалот од групата Г. Холандија се “чекираше“ а Полска ќе мора преку баражот да се надева на Мундијал. Инаку Полјаците славеа со 2:3 на гостувањето кај Малта.

Црна Гора – Хрватска 2:3, иако домашните водеа со 2:0, а Чешка со 6:0 го победи Гибралтар. Тука немаше дилеми и пред последното коло. Имено Хрватите директно одат на Мундијалот а Чесите ќе играат бараж.

ПретходноМатеја и Јован на светски пинг понг камп во Кина!
СледноРеал со ултиматум до Лион:“Тој мора да игра, ние ќе ја покриваме платата, а вие…“