Кејн за “Златната топка“: Можам да постигнам и 100 голови во сезона, ама ако не освојам голем трофеј….

40
ФОТО: FC Bayern Munich/FB

Важи за еден од најдобрите напаѓачи во изминатата децеција, посебно во оваа сезона игра во фантастична форма, но и самиот си знае дека бадијала му се индивисуалните достигнувања ако тоа не оди заедно со свокот клуб или репрезентација. Се разбира дека станува збор за Хари Кејн и “Златната топка“.

Отсекогаш било и секогаш ќе биде – индивидуалните перформанси се залудни ако не се придружени со тимски успех. За ова е свесен и Хари Кејн, кој веќе има 26 гола за клубот и репрезентацијата во ноември, што го прави еден од кандидатите за освојување на „Златната топка“. Сепак, самиот знае дека нема да биде во конкуренција за титулата најдобар во светот ако не освои голем трофеј.
Секако, титулата во Бундеслигата нема многу да му помогне, особено не во сезоната на Светското првенство. Англија претходно обезбеди учество во истата, поради што вечервашниот натпревар со Албанија нема резултатско значење за нив, а фокусот на британските медиуми на конференцијата беше на трката на Кејн за „Златната топка“, која сигурно ќе ја води со Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
„Можам да постигнам 100 гола оваа сезона, но ако не ја освојам Лигата на шампионите или Светското првенство, многу е веројатно дека нема да ја освојам Златната топка. Истото е и со Ерлинг Халанд, како и со секој друг играч. Мора да освојувате големи трофеи. И како што одминува сезоната, Баерн како тим изгледа многу добро“, рече Кејн.

ПретходноАлен Рустемовски го освои „Златниот гонг“
СледноБеа елиминирани од битката за СП и го обвинија противникот дека користел вуду-магија