Јован Пармачки и Матеја Смолиќ ќе учествуваат на светски младински камп од 3 до 13 Декември во Кина. Младите претставници на Македонија ќе ги води селекторот Сашко Богатинов, а кампот е во организација на Меѓународната пинг понг федерација (ITTF) и Пинг понгарската федерација на Народна Република Кина.
Соработката со Амбасадата на Народна Република Кина веќе ги дава првичните резултати по одржаната средба со Н. Е. госпоѓа Џијанг Сјаојан, Амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија.
Кампот ќе се одржи во градот Чендгу каде ќе се сретнат најперспективните играчи во категоријата до 15 години.










