Норвежанец шокира со фризурата – новинар бара да ги исфрлат од СП поради тоа

179

Норвешката репрезентација ѝ нанесе еден од најтешките порази во историјата на домашен терен на Италија. Норвежаните победија со 1:4 на Сан Сиро, со што го потврдија првото место во групата и директен пласман на Светското првенство. Италија ќе го бара патот до САД, Мексико и Канада преку дополнителни квалификации.

Норвешкиот интернационалец Џулијан Рајерсон се појави на натпреварот со необична фризура. Имаше дамки на главата што го потсетуваа на крзно од леопард. Десниот бек на Борусија Дортмунд привлече внимание на социјалните мрежи.

Италијанскиот фудбалски новинар Фалахи напиша на X дека Норвешка треба да биде исфрлена од Светското првенство поради оваа фризура. Има и други слични коментари на социјалните мрежи.

ПретходноСпорот Мбапе – ПСЖ за 55 милиони евра ќе добие друга димензија
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА – КАСИНОС АВСТРИЈА СО ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА