И официјално Нејц Цехте својата кариера ќе ја продолжи во Фуксе Берлин. Трансгферот е веќе готов, па така тој во следните шест месеци ќе го носи дресот на овој германски клуб.
Денеска, преку објава на своите социјални мрежи, овој трансфер го потврди и РК Пелистер, клуб кој со пригодни зборови се прости од Словенецот и му се заблагодари на соработката:
„Репрезентативецот на Словенија Цехте дојде во Еурофарм Пелистер во 2023 година. Тој како наш член освои две титули шампиони на Македонија, како и еден СУПЕРКУП.
Еурофарм Пелистер му посакува многу среќа во новиот клуб, на овој голем професионалец, а пред се добар човек!
СРЕЌНО НЕЈЦ, БИТОЛА СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ ПАМЕТИ!










