Во пресрет на утрешниот дуел, последен од квалификациите за СП во групата Ј, нашите репрезентативци вечерва тренираа на “Кардиф Сити“ стадионот во Кардиф. Иако селекторот Благоја Милевски си има проблеми со здравствениот билтен, сепак атмосферата е одлична. Се одработи тренингот кој повеќе беше за запознавање со условите кои утре од 20:45 часот ги чека нашите момци.
Нас и реми ни одговара за да бидеме втори во групата, за да се најдеме во третиот ПОТ пред ждрепката за баражот, но Барди и другарите ветуваат голема битка. Тоа значи дека одат на победа, кратко и јасно.
Ветуваат дека ќе го дадат максимумот, така и треба, дека ќе играат за Македонија.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА.

















