Секако дека задоволството кај селекторот на Велс, Крег Белами по тие 7:1 против Македонија беше големо. Неговата селекција одигра речиси без грешка, во целост на надигра гостинската селекција.
По мечот на пресот селекторот на Велс покрај другото кажа:
„Искрено не очекувавме ваков натпревар, затоа што многу добро знаеме каков фудбал игра оваа селекција на Македонија. Вашата селекција имаше одлични квалификации, иако денеска убедливо беше поразена. На некои натпревари Македонија немаше среќа. Инаку видовте вечерва колку ни значи домашниот терен, па среќен сум што и во полуфиналето на баражот ќе го играме дома. Мојата репрезентација вечерва одигра навистина квалитетно, токму онака како што сакам да игра“ рече покрај другото селекторот на Велс.










