Екипата на Вардар 1961 им се врати на победите во Европската лига. Тренерот, Иван Чупиќ и неговите момци му се одмаздија на Кристијанштад за поразот од пред една недела и на домашен терен го совладаа со 35-30. Сега после четвртото коло македонскиот тим повторно е лидер во својата група.
Хориха имаше девет гола, додека Малус седум. Валах запиша 15 одбрани.
Гостите само на почетокот водеа, отворија со 0-2, 1-3 и 2-4. На сцена настапи Вардар, нешто подоцна со серија од 3-0 поведе со 7-5. На средината на првото полувреме беше 10-7, прво водство од три гола за „црвено-црните“, кои на одморот заминаа со минимални 17-16.
Разликата растеше во вториот, Вардар дојде на 20-17, но на другата страна Кристијанштад успеа да израмни на 21-21 во 42-та минута. Следеше нов бран од страна на македонскиот тим, кој во 47-та минута дојде на плус пет (27-22). Од овој момент „црвено-црните почнаа да чекорат кон победата. Гостите притискаа, но овој пат не успеаја да приредат пресврт.
Следен предизвик за Вардар 1961 во ова натпреварување е Сесвете, дуелот го игра на гостински терен за седум дена.










