Екипата на Вардар 1961 вечерва (18:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Кристијанштад во меч од четвртото коло во Европската лига. Ова е тимот кој минатата недела му го нанесе првиот пораз за најтрофејниот македонски клуб оваа сезона.
„Црвено-црните“ посакуваат реванш и враќање на врвот на табелата во групата Ф. Веруваат дека можат да му се реваншираат на Кристијанштад со оглед на тоа дека на трибините ќе ги имаат своите верни фанови.
Голманот Васил Гогов порача дека тимот е решен да ги коригира грешките од првиот дуел:
„Играме против Кристијанштад второ коло по ред во Европската лига. На гостински терен одигравме со многу грешки, а сега се подготвувавме да ги намалиме максимално што можеме. Мораме да дадеме свој максимум за да се вратиме на првото место во групата“, рече младиот голман.
Кристијанштад има 5 бода, додека Вардар 1961 е зад него со четири бода.










