Даскаловски: Сакаме триумф за крај во Европа, во Куманово го потврдивме нашиот квалитет

20
ФОТО: КК Пелистер Битола/FB

Боро Даскаловски има причина за задоволство откако неговиот тим одигра одлично второ полувреме по кое излезе како победник од жешкиот терен во Куманово.

„Зелено-белите“ беа одлични во клучниот дел, беспрекорно ги затвораа приодите кон сопствениот кош, наоѓаа вистински решеија во нападот и на крајот заслужено славеа, прекинувајќи ја мини-серијата од три порази (два во ФИБА Европскиот куп, еден во домашното првенство.
„Најважно од се е што играчите имаа сосема поинаква енергија, она што го зборувам од почетокот, секогаш кога имаме енергија и агресивност, имаме резултат. Секако, треба време, нова екипа сме, играме во силен ритам два меча неделно и нема премногу време да работиме на овој аспект. Секако, среќни сме што успеавме како гости да славиме против силен ривал како Куманово, тоа е потврда за нашиот квалитет, потврда за играчите дека се што се работи и на трениннзите и на скаутингот, дека се се вклопува и се движиме во вистинска насока… кошарката е игра на детали и јас верувам дека се ќе се поклопи… Добро е што во второто полувреме со Куманово бевме на едно потребно ниво, особено дефанзивно и очекувам во ист стил да продолжиме и во наредниот период“, вели тренерот Боро Даскаловски.

Следен предизвик е утрешниот дуел со Керавнос од Кипар во последното коло од ФИБА Европа купот. Шансите за пласман во следната рунда се загубени, но кај „пелистерци“ постои решителност да се стигне до победата како реванш за поразот во Никозија, со што би било освоено третото место во групата.

Претходно„Грми“ македонска песна во Кардиф….. „Фалангата“ е главна во центарот на градот (ВИДЕО)
СледноКБК Самурај со реакција: Ова е дискриминација на жените во македонскиот кикбокс!