Денеска Виена е главен град на БиХ! Лудо ќе биде и на “Хемпден Парк“ во Глазгов! (ВИДЕО)

100
ФОТО: Nogometni savez Bosne i Hercegovine/FB

Вечерва и официјално завршуваат квалификациите за СП 2026 во европската зона. На програмата се десет меча, за нас секако супер интересно ќе биде што тоа ќе се случува во Кардиф каде Македонија му гостува на Велс во меч од групата Ј.

Се е јасно, се е познато. Со победа или реми одиме во третиот шешир во ждрепката за баражот.

Вчера и денеска сме сведоци на неверојатна босанска инвазија на Виена. Се очекува вечерва на „Ернст Хапел“ да има најмалку 25.000 фанови кои ќе ги бодрат Џеко и другарите. Со победа селекцијата на БиХ по вторпат во својата историја ќе се пласира на СП, после она во Бразил 2014.

Виена „врие“, денеска Виена е главниот град на БиХ. Сите фанови од оваа земја не ни помислуваат на ништо друго освен на победа и пласман на Мундијалот. Во пресрет на овој меч Австрија има 18 а БиХ 16 бодови во групата Х. Првиот оди на Мундијалот, вториот во бараж.

Лудо ќе биде и на “Хемпден Парк“ во Глазгов каде играат Шкотска и Данска. Гостите имаат 11 а Шкотите 10 бода во групата Ц, па јасно е дека со победа Шкотска ќе оди директно на СП.

Во групата Е селекцијата на Шпанија ја дочекува Турција и не смее дома да загуби со повеќе од 7 голови ако сака директен пласман на СП.Тоа е невозможно, па затоа реално е Шпанија да оди на Мундијалот а Турција во баражот.

И во групата Б играат Косово и Швајцарија. На домашниот тим му треба победа од шест голови разлика за да оди директно на СП.

ПретходноЌамили е „џокерот“ на Милевски за “бум-бум“ во Кардиф!?!
СледноСамо Трајковски од сегашниот состав играше во Кардиф пред 12 години!