Завршува ерата на „Јако“, „Адидас“ тропа на вратата!

357

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра последниот квалификациски меч за пласман на Светското првенство. Селекторот, Боби Милевски и неговите избраници ќе ги одмерат силите со Велс на гостински терен, ова ќе биде дуел за второто место во групата.

Мечот во Кардиф ќе биде последен, кој националниот тим ќе го одигра со дресот на спортскиот бренд „Јако“. Ерата на овој спортски бренд завршува на крајот на оваа година. „Јако“ и ФФМ потпишаа во 2015 година, а соработката траеше 10 години.

Неофицијално на вратата на нашата „куќа на фудбалот“ тропа спортскиот бренд „Адидас“, доколку сорабоката се исполни нашите фудблери со нов бренд ќе влезат во битката за место на Мундијалот.

ПретходноДебитантот Газели Волеј со триумф над шампионот Јанта Волеј
СледноТрамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство