Македонска доминација на улиците на Кардиф… „Фалангата“ полека се упатува кон стадионот (ВИДЕО)

174

На нешто повеќе од еден час до стартот на дуелот помеѓу Велс и Македонија во Кардиф, кој што се игра во рамките од последното коло од Мундијалските квалификации, атмсоферата во македонскиот навивачки табор го доживува својот зенит.

„Фалангата“ веќе неколку часа се „загрева“ во центарот на Кардиф во строго одредената ФАН зона, каде што и е договорено да престојуваат, и од каде што во овие моменти полека се упатуваат кон стадионот Кардиф Сити каде што ќе се одигра овој за нас историски дуел.

Македонските навивачи ќе бројат околу седумстотини, онолку колку што домаќинот обезбеди билети во строго одредениот сектор на „Фалангата“…

 

ПретходноПолска едноставно пресилна за Македонија (ВИДЕО)
СледноПознати се стартните состави: Македонија почнува со Елмас и Миовски во нападот!