Миклер: Ова е нашата шанса да му се одмаздиме на Пелистер

76
Фото:facebook.com/pickhandball

Вториот триумф во Лигата на шампиони ја врати целосно самодовербата во редовите на Пелистер. Актуелниот македонски првак одигра одличен меч пред домашната публика, а тоа пак му донесе триумф против големиот Пик Сегед.

Ракометарите на Пелистер сега имаат шанса да ја повторат играта од пред една недела и на сметка на истиот противник да дојдат до нови бодови. Македонскиот првак утре му гостува на Пик Сегед.

Од таборот на унгарскиот тим на големо се подготуваат за оваа пресметка, откако самите се уверија дека Пелистер може да се носи против големите имиња во ЛШ.

„Нѐ очекува многу важен натпревар и сакаме да го надоместиме поразот од минатата недела. Ова е наша шанса да му се одмаздиме на Пелистер. Нема да биде лесно, бидејќи се соочуваме со противник со многу цврста одбрана. Во Битола искусивме дека мора да се бориме напорно за секој гол. Ако можеме да бидеме попрецизни во нападот, можеме да го добиеме овој натпревар“, изјави искусниот голман на Пик Сегед. 

ПретходноФалангата се „стационираше“ во фан зоната во Кардиф
Следно„Грми“ македонска песна во Кардиф….. „Фалангата“ е главна во центарот на градот (ВИДЕО)