„Нашите боксери ја претставија Македонија во најдобро светло“

20
Фото: МОК

Македонскиот боксерски репрезентативец Ален Рустемовски го освои „Златниот гонг“ како најдобар боксер на традиционалниот Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ кој се одржа на 15-ти и 16-ти ноември во малата сала „Борис Трајковски“.

Рустемовски во својот меч славеше со едногласна одлука против англискиот бокеср Џозеф Тарнер.

Признанија беа доделени и за најдобар македонски боксер, а тоа е Адријан Рустемовски, Даврон Бозоров е најдобар странски боксер, најдобар техничар е Џозеф Тарнер од Англија, Рио Гордон од Англија и Наум Стојаноски се прогласени за најборбен пар, додека Михал Мунетан од Моладавија е најдобар тренер, додека Роберт Винеман е прогласен за најдобар судија.

Настанот помина во одлична атмосфера каде беа видени одлично борби во двата дена.

„Јас како претседател на Федерацијата сум презадоволен од тоа како помина настанот изминатите два дена. Најпрво да упатам огромна благодарност до Министерот за Спорт господинот Борко Ристовски и ресорното министерство кои ни помогнаа настанот да се одржи и се да помине во најдобар ред. Благодарност до новиот градоначалник на општина Карпош Сотир Лукровски кој го отвори турнирот. Воедно упатувам срдечни честитки до нашите претставници и боксери кои ја претставија Македонија во најдобро светло и ни донесоа нови признанија ,меѓу и главната Златниот Гонг“, изјави првиот човек на Националната Боксерска Федерација Кристијан Андреевски. 

ПретходноМакедонија У19: Со добар резултат да го финишираме турнирот во Португалија
СледноПМФЛ 14.коло: Шкупи домаќин на Пелистер во Битола!