Неверојатно: Халанд дводневната плата ја потроши за ново Ламборџини!

69
ФОТО: Fotballandslaget/FB

Ерлинг Халанд и дефинитивно е вистински фанатик кога станува збор за автомобили. Напаѓачот на Манчестер Сити веќе има колекција вредна повеќе од десет милиони евра, а сега го направи тоа повторно со уште едно Ламборџини.
Најновиот супер автомобил во неговата луксузна флота е Ламборџини Хуракан Стерато во мат зелена боја, вреден околу 290.000 евра. Халанд, кој заработува околу 1 милион евра неделно, беше виден како го напушта тренинг-теренот на Сити зад воланот на Ламборџини со 610 КС, кој може да достигне 100 км/ч за 3,4 секунди. Има само 1.499 примероци во светот, што го прави уште поексклузивен. Хуракан Стерато е опремен со 5,2-литарски V10 мотор, максималната брзина е 262 км/ч, но цената од 290 илјади евра не го доближува ни приближно до најскапиот автомобил во сопственост на Халанд.

Ако прашате кој плаќа 150 илјади евра за нов фар на Бугати, одговорот е Халанд. Норвежанецот наводно се здружил со милијардерот колекционер на автомобили Оле Ертвагам за да го купи Бугати Турбилион, вреден околу 4,5 милиони евра.

Според извештаите, Халанд заработува 865.000 фунти на секои седум дена по неговиот трансфер од Борусија Дортмунд, што е точно 997.500 евра. Некој би можел да заокружи до милион, и така секоја недела, 52 недели во годината…

Значи за новото Ламбо тој потрошил само дводневна плата.

Неверојатно.

ПретходноСите математики: Како може Македонија директно на СП? „Рисовите“ сигурно играат најмалку бараж!
СледноНов луд меч на Јокиќ, но пораз за Денвер (ВИДЕО)