После Струга, каде Шкупи беше домаќин на Струга ТЛ и Шкендија, Шкупи ја менува локацијата. Имено својот меч како домаќин против Пелистер, во рамките на 14.коло, клубот од Чаир ќе го игра во Битола и тоа од 13 часот во сабота (13 часот).
Ова е поради фактот дека теренот на Чаире под суспензија по сите оние настани на мечот со Македонија ЃП.
Секако дека ова е голема шанса за Пелистер, како “гостин“ на својот стадион да дојде до нова победа.
Инаку Шкупи е убедливо последен на табелата после 13 одиграни кола.
Уште сега може да се каже дека следната сезона ќе игра во ВМФЛ.
Ова се двојките и термините од останатите двојки за 14.коло во нашата елитна лига:
Петок (21.11.2025) 13 ч
Македонија ЃП – Силекс
Сабота (21.11.2025) 13 ч
Брера – Вардар
Недела (23.11.2025) 13 ч
Тиквеш – Башкими
Арсими – Шкендија
Понеделник (24.11.2025) 13 ч
Работнички – Струга ТЛ















