Полувреме У21: Полска води во Битола против Македонија (ВИДЕО)

130

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година во моментов го игра шестиот квалификациски дуел од актуелната кампања против Полска на домашен терен во Битола на стадионот Петар Милошевски.

Моменталниот резултат на полувреме е 0:1 за гостите кои далеку подобрата игра на овој меч ја крунисаа со водство преку погодокот на Коцаба на асистенција на Драчал во 33 минута.

Полјаците покрај голот имаа уште серија на шанси и може слободно да се каже дека далеку подобро се снајдоа на тешкиот и долждлив терен во Битола засега.

 

ПретходноКБК Самурај со реакција: Ова е дискриминација на жените во македонскиот кикбокс!
СледноКако се посрамоти: Потегот на Нејмар по кој го тераат во пензија! (ВИДЕО)