Јакимовски фантастичен, ама недоволно за победа против тимот на Кочов!

65
ФОТО: Aquila Basket Trento/FB

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски, вечерва одигра фантастично во дресот на Тренто, го одигра својот меч на кариерата во Европа, во меч од 8.коло во Еврокупот. Нашиот кошаркар запиша неверојатни 30 поени, имаше и 6 скокови, но сепак ни тоа не беше доволно да се победи Кемниц,тимот каде што во стручниот штаб е и македонскиот тренер Ѓорѓи Кочов.

На крајот резултатот гласеше 94:105.

Штета навистина штета што ваква фантастична партија на македонскиот кошаркар не беше крунисана со победа, но сепак Андреј не можеше се сам.

ПретходноПолувреме во Кардиф: Велс води против Македонија со 3:1 (ВИДЕО)
СледноТолку беше: Хамилтон го напушта Ферари?!