Бензема: Ако Перез ме повика назад во Реал, нема да кажам не!

0
ФОТО: ittihadclub.sa

Карим Бензема и тоа како одбележа една ера во Реал Мадрид, во еден од најголемите клубови во светот. Прво заедно со Кристијано Роналдо, а потоа и со некои други напаѓачи, Французинот едноставно освои се што можеше да се освои со “Кралевите“ за да потоа се пресели во Саудиска Арабија, во клубот Ал – Итихад.

Вети дека ќе го однесе клубот на врвот и во тоа успеа. Иако има 37 години, сепак не помислува на играчка пензија.

Секогаш и секаде за Реал Мадрид говори во суперлативи, а за Флорентино Перез смета дека е најдобриот претседател во историјата на фудбалот.

На прашањето дали некогаш би се вратил во Реал, без разлика како што, Бензема без размислување одговори:
“Ако тоа се случи тогаш јас на Флорентино Перез не можам да му кажам не“!

ПретходноДимитријевиќ со 13 поени во победата на Зенит!