Да го изненадиме лидерот на свој терен

51
ФОТО: FFM.MK

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година денеска од 17:00 часот на стадионот Петар Милошевски во Битола, ќе го одигра шестиот квалификациски дуел од актуелната кампања.

Противник е лидерот во групата, репрезентацијата на Полска која што во Битола доаѓа да осигура нови три бода и да ги со истрасира патот кон следниот евро самит.

Македонија на овој меч реално и нема што да загуби. Противник е сериозно квалитетен, тоа го покажа на петте меча досега каде што обезбеди максимален ефект, постигна 17 гола, а прими само еден, оној од Италија.

Ние пак можеме да се пофалиме дека ја победивме Ерменија токму во Битола во пресвртот од 2:1, а ги загубивме сите останати мечеви.

Рехабилитација од дуелот со Шведска

Пред само четири дена Македонија загуби од Шведска исто така на домашен терен со високи 1:4. На тој меч освен играта во првите дваесетина минути, кога и поведовме, се останато треба да го заборавиме. Или пак сосема спротивното, да го запомниме добро, за да знаеме како не треба и да не го повториме.
Нашиот состав има квалитет, тука нема дилеми, но очигледно дека треба да го пронајдеме правиот рецепт за успех.

Дали тоа ќе се случи токму денеска, против екстра квалитетната Полска, останува да видиме.

 

ПретходноГогов: Мораме да одиграме максимално и да се вратиме на првото место во групата!
СледноАбутовиќ пред реваншот со Пик Сегед: Ќе биде потешко, но не одиме со бело знаме!