Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра последниот квалификациски меч за пласман на Светското првенство. Селекторот, Боби Милевски и неговите избраници ќе ги одмерат силите со Велс на гостински терен, ова ќе биде дуел за второто место во групата.
Мечот во Кардиф ќе биде последен, кој националниот тим ќе го одигра со дресот на спортскиот бренд „Јако“. Ерата на овој спортски бренд завршува на крајот на оваа година. „Јако“ и ФФМ потпишаа во 2015 година, а соработката траеше 10 години.
Неофицијално на вратата на нашата „куќа на фудбалот“ тропа спортскиот бренд „Адидас“, доколку сорабоката се исполни нашите фудблери со нов бренд ќе влезат во битката за место на Мундијалот.










