Македонија понижена оди во тешкиот бараж за пласман на СП (ВИДЕО)

292

Македонската фудбалска репрезентација го доживеа првиот пораз на официјален меч од 2023 година и оние 5:2 против Италија. Се случи тоа вечерва во Кардиф, на истоимената Арена, каде што Македонија не успеа да одигра како што посакуваше и загуби од домашниот Велс со високи, убедливи и пред се катастрфоални 7:1. Овој дуел беше и последен во оваа Мундијалска кампања со што Македонија и официјално го завршува циклусот на третата позиција со 13 бодови зад Беллгија и веќе споменатиот Велс.

Вечерашниот резултат во потполност ги одсликува настаните на теренот во Кардиф. Едноставно Велс вечерва беше подобар, и нема што тука премногу да се дискутира. Домаќинот беше страшно мотивиран, изгледаше моќно на терен, го доби речири секој дуел. Беше побрз, поагресивен, попрецизен, со многу повеќе енергија. Токму одтаму и овој наш висок пораз. Не дека Македонија вечерва не сакаше, туку Велс едноставно не ни дозволи.

Двојно водство во три минути за домаќинот

Почетната иницијатива на домаќинот вроди со плод во 18. минута. Стојчевски направи пенал врз Брукс, а сигурен резлизатор на најстрогата казна беше Вилсон. Димитриевски ја имаше топката на рака, но таа имаше премногу сила во себе. Само три минути подоцна Џонсон пројде по десната страна го мина Илиевски, центрираше, а на петерецот Брукс погодува за 2:0.

Миовски само за момент не враќа во игра

Македонија сепак имаше доволно концентрација во тие моменти, па намали на 2:1. Дарко Велковски уфрли една фантастична топка во нашите навални редови, а таму Миовски излегува сам пред Дарлоу. Голманот на Велс се лизна во клучниот момент, се најде на земја, а Миовски рутински пласира во празната мрежа.

Џонсон враќа два плус за домашните

Сепак, домаќинот едноставно на овој меч беше подобар. Џонсон го минува Илиевски од десната страна, и се мести на удар. Го прави тоа, топката удира во ногата на Костадинов, и менува правец доволно за да Димитриевски не може да ја стигне. На полувреме се замина со 3:1.

 

Џејмс и Вилсон се докрајчија во вториот дел

Иако имаше уште цели 45. минути Македонија едноставно вечерва немаше сила за ништо повеќе. Џејмс во 57. минута ја крунисува прекрасната акција во која имаше од се по нешто, за да во 75. минута Вилсон го постигнува најубавиот гол на овој меч.

Прекрасно погодува од слободен удар и го најави дебаклот на Македонија на овој меч.

ХЕТ – ТРИК на Вилсон, Македонија е уништена

Катастрофалната вечер на Македонија ја заокружи третиот гол на Хери Вилсон. Дарко Велковски стартуваше во сопствениот шеснаесетник, судијата досуди втора најстрога казна за Велс на овој меч, а Вилсон рутински погодува за 6:1.

Во последните моменти од мечот, поточно во 88 минута Бродхед по одлично изведениот корнер, а на очајната реакција на нашата одбрана ги постави конечните 7:1 на овој дуел.

Велс – Македонија 7:1 (3:1)

Стадион Кардиф Сити

Судија: Мекели (Холандија)

Стрелци: Вилсон 16, Брукс 21, Џонсон 37, Џејмс 57 (В) Миовски 23 (М)

Велс: Дарлоу, Вилијамс, Лесор, Родон, Дасилва, Шеан, Вилсон, Џејмс, Калон, Брукс, Џонсон

Македонија: Димитриевски, Ашковски, Зајков, Велковски, Илиевски, Стојчевски (Ќамили 55), Алими (Атанасов 64), Барди, Костадинов (Чурлинов 55), Елмас, Миовски (Растодер 64)

 

ПретходноТолку беше: Хамилтон го напушта Ферари?!
СледноОд ноември 2023 до ноември 2025: Прв пораз на Македонија после две години и тоа каков!