Милевски: Не ме боли резултатот, туку начинот на кој загубивме…. ова се момците кои обезбедија бараж

5

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски по дебаклот вечерва во Кардиф, и поразот од 7:1 на последниот меч од квалификацискиот циклус за Мундијалот во САД, Канада и Мексико, изјавин дека е свесен за она што се случи денеска во Велс и дека ја презема целосно одговорноста.

 

„Ќе бидам многу краток. После ваков натпревар и ваков резултат ми останува само да честитам на репрезентацијата на Велс за извонредната игра. Не успеавме да одговориме на нивната агресивност, и пред се мотивација за успех. Честитки за моите фудбалери, за што покажаа во овие квалификации и се надевам дека ќе бидат поконкурентни во нивните клубови за да можат да напредуваат на физички план.

Секако дека не ни е сеедно на сите нас. Особено на мене, затоа што одговорноста е моја. Секогаш била и ќе биде. Резултат како резултат, во денешен фудбал се е можно. Сепак, начинот на кој што тој резултат е постигнат ме боли повеќе одколку  самиот резултат. Дај боже да се случува ваков меч на секој две години на секој 15 меч. Нашата филозофија денеска беше сосема во ред. Головите што ги примивме видовте и самите видовте дека се происвод на индивидуален квалитет, посебно на тркачки план не успеавме да одговориме. На агресивност на трка, и неминовен е ваков епилог. Можеби не вака висок пораз но епилоготот е тој. Ќе повторам, знаевме дека се тактички, физички на највисоко ниво. Но, ние не бевме на нашето ниво, на филозофијата на игра нетреба да се става под знак прашалник. Истата беше и во изминатите 14 мечеви. Во многу сегменти потфрливме. Не бевме на нашето ниво. Кога ќе направите толку индивидуални грешки, поразот е неминовен. Што се однесува до нови играчи. Ова се играчите кои ги донесоа успесите. Ова се играчите кои обезбедија бараж за Мундијал. Момент на лош меч…толку“ – изјави селекторот Милевски.

ПретходноИталија, Данска, Турција и Украина се можните ривали на Македонија во баражот!