Секоја серија си има свој крај, па така и оваа нашата на А-репрезентацијата на Македонија. Четата на селекторот Благоја Милевски по цели две години е поразена на офцијални мечеви, тука ги сметаме квалификациските и оние во Лигата на Нации.
Вечерва во Кардиф, домашната селекција на Велс успеа да слави против Македонија и тоа е прв пораз на “Рисовите“ од 17 јуни 2023 година и тој меч со Италија на “Олимпико“ во Рим кога бевме поразени со 5:2.
Од тогаш наваму Македонија одигра 14 меча без пораз, доживеавме пораз во 15-тиот.
А во тие 14 меча игравме и со селекции како Англија, двапати со Белгија, една средба со Велс, онаа во Скопје.
Значи од 17 ноември 2023 година па се до вечерва или 18 ноември 2025 година Македонија беше без пораз, секако серија за паметење. Вечерва сме поразени со 7:1.
Па така групата ја завршивме на третата позиција во групата Ј со 13 бодови.
Белгија убедливо го победи Лихтенштајн со 7:0 и убедливо е прва со 18 бодови и оди директно на Мундијалот. Велс е втор со 16 бодови и оди во бараж преку квалификациите, а Македонија како трета ќе оди во баражот преку Лигата на Нациите.










