Македонската фудбалска репрезентација до 21. година во моментов го игра шестиот квалификациски дуел од актуелната кампања против Полска на домашен терен во Битола на стадионот Петар Милошевски.
Моменталниот резултат на полувреме е 0:1 за гостите кои далеку подобрата игра на овој меч ја крунисаа со водство преку погодокот на Коцаба на асистенција на Драчал во 33 минута.
Полјаците покрај голот имаа уште серија на шанси и може слободно да се каже дека далеку подобро се снајдоа на тешкиот и долждлив терен во Битола засега.










