Проблем за Сан Антонио, се повреди Вембањама!

26
фото: San Antonio Spurs (X)

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс имаат девет победи и четири порази во првите 13 натпревари од новата НБА сезона и моментално се наоѓаат на петтото место во Западната конференција.
На Спарси ќе им биде исклучително тешко да ја одржат формата и да продолжат со добри резултати во наредниот период, бидејќи нивниот најдобар играч Виктор Вембањама се повреди.
Францускиот центар и прва ѕвезда на тимот заработи повреда на листот од левата нога, што ќе го остави надвор од терените неколку недели, објавува НБА инсајдерот Шемс Чаранија.
Вембањама имаше одличен просек од дабл-дабл од 26,2 поени и 12,9 скока во досегашната сезона.

ПретходноКако се посрамоти: Потегот на Нејмар по кој го тераат во пензија! (ВИДЕО)
СледноПолска едноставно пресилна за Македонија (ВИДЕО)