Еден од двата македонски претставници во АБА2-лига, ТФТ го запиша вториот пораз сезонава, откако на гостувањето кај Широки беше совладан со убедливи 85-72.
Иако се водеше изедначена битка во првото полувреме во кое тимот од Тафталиџе беше подобар противник 37-40, сепак домаќинот после одморот успеа да ја превземе контролата. Третиот период го доби со 20-12 и тука почна да чекори кон победата, која ја запечати во последната четвртина.
Стенли имаше 16 поени, зад него беше Говенс со 15 поени, Ташовски беше стрелец на 14 поени.










