Чупиќ: Честитки до момците и до навивачите за одличната атмосфера

1

Вардар 1961 им се врати на победите во Европската лига. Македонскиот тим е на чекор до пласман во главната рунда, откако вечерва на домашен терен го совлада Кристијанштад со 35-30, триумф по кој се врати на врвот.

Иван Чупиќ беше задоволен од играта на своите момци иако потенцираше дека има одредени работи кои мора да ги поправат.

„Честитки за момците за победата, но и за доброто навивање од навивачите. Сите сакаме да играме во ваква атмосфера. Очекувавме тежок меч, Кристијанштад, како и секоја друга екипа во Европската лига е квалитетна. Во првиот дел сакавме да го решиме мечот за десет минути, но мислам дека стабилноста во вториот дел во одбраната и со трпението во нападот, беше доволна за да изградивме резултат за заслужена победа. Секоја победа е важна, по сите трофеи мора да оди, со големи амбиции. Она што ние може да правиме е да работиме макотрпно и се што е во наша моќ. Одиме чекор по чекор, меч по меч. Има работи кои треба да се подобрат, но работиме на нив“, изјави Иван Чупиќ. 

ПретходноБензема: Ако Перез ме повика назад во Реал, нема да кажам не!