Јамал и Реал Мадрид се најомразени во Шпанија

42
ФОТО: FC Barselona/X

Социјалните мрежи, за жал, продолжуваат да бидат плодна почва за луѓе кои ги изразуваат своите најмрачни чувства. Спортот е јасна цел за овој тип корисници, кои постојано ја излеваат својата омраза. Сега оваа омраза е измерена за да се види до кој степен достигнуваат овие осудувачки практики.

Шпанската опсерваторија за расизам и ксенофобија (Oberaxe) подготви извештај кој ги мери манифестациите на омраза, а резултатите јасно покажуваат каква е атмосферата на социјалните мрежи во земјата. Бојата на кожата е јасна причина за да овие луѓе напаѓаат и судат со негативни предрасуди, пишува „Марка“.

На индивидуално ниво, кога станува збор за спортска содржина, постои јасен „победник“: Ламине Јамал. Играчот на Барселона добива до 60% од навредите на мрежите.

Винисиус е на второ место. Играчот на Реал Мадрид добива 29% од навредите, по него следува Мбапе со 3%. По нив следат други играчи како Нико Вилијамс, неговиот брат Инаки, Алехандро Балде и Браим Дијаз, кои добиваат по 2% од истата омраза.

Сепак, студијата не е ограничена само на индивидуално ниво. Таа, исто така, ја мери омразата што ја добиваат тимовите во шпанската лига. Тука, „шампион“ е Реал Мадрид со 34%, но Барселона е многу блиску со 32%. На третото место изненадувачки доаѓа Ваљадолид со 17%, по што следат Валенсија (8%), Атлетик Билбао (6%), Реал Сосиедад (5%) и Атлетико Мадрид (4%).

 

ПретходноНов луд меч на Јокиќ, но пораз за Денвер (ВИДЕО)
СледноИсторијат: Таа проклета 90+6.минута! (ВИДЕО)