Велс – Македонија 3:7. Уф, каква победа во пресрет на она вистинското, на вечерашниот меч од квалификациите за пласман на СП 2026. Имено попладнево навивачите на Велс и “Фалангата“ одиграа пријателски натпревар во Кардиф, на кој Македонија победи со неверојатни 3:7.
Едноставно “Фалангата“ ги прегази домаќините.
Камо среќа да биде и вечерва вака, не мора со толкава разлика, доволно ќе биде и 0:1.
Македонските навивачи победнички го “отворија“ овој дуел, па нека продолжи победнички и вечерва.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!












