Еве како ќе изгледаше сега табелата ако имавме барем малку среќа!

271

Македонија и тоа како, без разлика како ќе завршат, може да се каже дека имаше успешни квалификации. Како никогаш досега во последното коло имаме шанси за директен пласман на СП, како никогаш досега пред последното коло сме без пораз.

Имаме победи со Лихтенштајн на гости и дома, имаме победа со Казахстан на гости. Одигравме без победник со Велс дома, со Белгија и дома и на гости, и одигравме нерешено со Казахстан дома.

Се чини најмногу болат или печат тие 1:1 со Велс дома и со Казахстан 1:1 дома.

Ако барем малку имавме среќа на тие два меча, ако не примивме гол со Велс во 90+6.минута и не беше успеавме да славиме над Казахстан сега ќе беше поинаку. Сега, пред вечерашните мечеви од последното коло во групата Ј табелата ќе изгледаше вака:

ТАБЕЛА

1.МАКЕДОНИЈА 17

2.БЕЛГИЈА 15

3.ВЕЛС 12

Мундијалот ќе беше на дофат, вечерва ќе игравме против една демотивирана селекција на Велс, која веројатно ќе играше со „третиот состав. Немаше да не интересира што Белгија ќе прави, сами ќе си ја кроевме судбината.

ПретходноТрамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство
СледноГогов: Мораме да одиграме максимално и да се вратиме на првото место во групата!