Лудило во Глазгов: Шкотска со голови 90+3. и 90+9.минута за пласман на СП, се “чекираа“ и Белгија, Шпанија, Австрија и Швајцарија!

0
ФОТО: Scotland National Team/FB

Лудило на “Хемпден парк“ во Глазгов и победа на Шкотска против Данска од 4:2. Доволно за победа и пласман на СП. На Данците им беше доволно и реми, и го имаа до 90+3.минута кога беше 2:2, а тогаш Тирни и МекЛин во 90+9. за победа од 4:2.

Секоја чест за борбените Шкоти, така се игра фудбал, Данска оди во бараж.

БиХ иако водеше со 0:1 во Виена, сепак на крајот не успеа да оди директно на СП. Таму се “чекираа“ Австријанците.

Таму се и Белгија од нашата група по победата над Лихтенштајн со 7:0, а таму се и Шпанија и Швајцарија.

Европскиот првак дома одигра 2:2 со Турција, а Швајцарија одигра 1:1 кај Косово.

ПретходноОд ноември 2023 до ноември 2025: Прв пораз на Македонија после две години и тоа каков!